Блогери, маркетинг експерти, туристички водичи… бараат работа на нива

115

Маркетинг експерти, историчари на уметност, туристички водичи и блогери, се само дел од професиите од каде доаѓаат невработени Италијанци, кои испраќаат понуда за работа во земјоделие во регионот Венето.

Станува збор за понуди за новоформираната интернет платформа Jobicountry, којашто е иницијатива на италијанското здружение на земјоделци Coldiretti, Министерството за труд на Италија и регионалните власти во Венето, пренесува Novac.hr.

“Охрабрува интересот за производство на овошје и зеленчук што е загрозен поради недостатокот на сезонска странска работна сила што е блокирана во другите земји поради вонредната состојба во земјата. Тоа е корисно за обезбедување производи Made in Italy на трпезите и добредојдена поддршка за дејностите што се поврзани со природата, но и оптоварена со голема општествена одговорност за обезбедување храна за заедницата“, вели Даниеле Салвано, за италијанските медиуми.

Досега преку оваа платформа се собрани околу 1.500 понуди за работа на земјоделски површини во Венето, а најголем дел од нив доаѓаат од студенти, работници на привремена работа во Венето и пензионери. Евидентирани се околу 200 различни занимања од коишто доаѓаат кандидатите за работа.

Се верува дека оваа платформа може да биде применета и во други италијански региони, а вакви иницијативи има и на пазарите на труд во Велика Британија и Франција.

Фото: Pixabay