Компанијата Bloomberg, којашто на славниот американски политичар му донесе милијарди, би можела да “падне“ во рацете на друг сопственик, ако Мајкл Блумберг победи на претседателските избори во САД на 3 – ти ноеври 2020 година.
Неговата популарност сè повеќе расте, а со самоуверениот став сериозно ги раздрма сите кандидати, па дури и актуелниот претседател Доналд Трамп, пишува Bankar.
Проценките се дека Блумберг тежи 60 милијарди долари, а неговата политичка кариера е конфузна: најпрво беше демократ, па републиканец, па неутрален, за повторно да се врати во редовите на демократи.
Во актуелна анкета овој Американец доби 19% поддршка.
Фото:Facebook