Фото: BMW
Канцеларијата на BMW Group Technology во Шангај предложи урбан сообраќаен концепт за густо населените мега – градови, пишува New Atlas. Vision E³ Way ќе вклучува патеки во вид на испреплетени гигантски цевки што ќе се наоѓаат над клучните транзитни точки во градовите.
Новиот урбан начин на транспорт би бил со нула емисии, а идејата е пешаците и возачите на обични и електрични велосипеди, да имаат свои патеки за движење што ќе бидат недостапни за обичните автомобили.
Vision E³ Way би биле подигнати патеки со сводни покриви и сопствена вентилација. Брзината ќе биде ограничена на 25 километри на час. Тие ќе бидат безбедно решение за милиони пешаци кои ќе можат за многу пократко време да стигнат на посакуваната дестинација.
Специјален систем со ленти ќе овозможува безбедно движење и зголемување на брзината на возилата само кога ќе биде дозволено.