BMW гради фабрика од милијарда евра во Унгарија

25

Фото: Pixabay

Германскиот автомобилски гигант BMW најави дека ќе изгради нова фабрика за автомобили во близина на градот Дебрецен, Унгарија, којашто ќе има капацитет од 150.000 автомобили годишно и во којашто ќе вложи една милијарда евра, пишува Reuters.

Ова вложување на BMW ќе им овозможи да ги прошират своите производствени капацитети во Европа, каде што продаваат околу 45% од своите автомобили.

Во фабриката во Унгарија ќе се произведуваат модели на автомобили со мотори на внатрешно согорување, но и електрични возила. Производството на автомобили во Унгарија сочинува околу една третина од унгарскиот извоз, а со фабриката на BMW, бројките би оделе до 40% удел во севкупниот извоз.

Аналитичарите во Будимпешта гледаат позитивно на овој потег на германскиот гигант, бидејќи новите производствени капацитети ќе придонесат да се подобрат бројките на унгарската економија која што очекувано ќе забавува во следните две години.

На тој начин BMW се придружува на Audi кој веќе има своја фабрика во оваа средноевропска земја.