BMW испрати 150 вработени во домашен карантин

146

Германската компанија BMW испрати 150 вработени во Минхен во домашен карантин, поради еден вработен кој е позитивен на корона вирусот.

“Потврдено е дека наш вработен од BMW Group е позитивен на корона вирусот и е под терапија од изминатиот викенд. Закрепнува добро. Здравјето и безбедноста на вработените ни се на прво место и затоа ги преземаме сите можни мерки за да ги заштитиме“, стои во соопштението на групацијата.

Наведуваат дека сите колеги кои во изминатиот период биле во контакт со заразениот вработен се испратени на двонеделен домашен карантин.

Фото: Pixabay