BMW планира да гради нови фабрики, во игра Словенија и Хрватска

44

bmwГерманскиот произведувач на автомобили BMW планира да гради нови фабрики, а во игра за привлекување на тие инвестиции се Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска, пишува словачкиот весник Hospodarske Noviny, пренесува Ал Џазира Балкан.

Компанијата потврдила дека планира ширење, но не соопштила детали.

“Јасно е дека ќе ни требаат поголеми производни капацитети, а еден од погоните сакаме да го изградиме во источна Европа”, изјавил за весникот член на Управниот одбор на BMW, Иан Робертсон. Тој не навел колкава ќе биде инвестицијата во новата фабрика, а весникот пишува дека може да достигне близу една милијарда евра.

Аналитичарите сметаат дека најголеми шанси од наведените земји има Словачка, затоа што таму работната сила е најевтина.