BMW планира ретровизорите да ги замени со камери

56

bmv bez retrovizori

Германскиот производител на автомобили BMW планира стандардните ретровизори да ги замени со камери, пишува Digital Trends.

Иако овој концепт го претставиле повеќе производители на автомобили, од BMW сметаат дека системот е комплетно различен од она што било прикажано досега.

Системот на овој вид автомобили без ретровизори се заснова на три мали камери со специјални леќи. Две од камерите се монтирани на вратите, на приближно исто место каде што се поставуваат ретровизорите, додека третата камера е поставена на задното стакло.

bmw-i8-mirrorless-9-970x647-c

Овие камери овозможуваат непречен панорамски поглед на сето она што се случува зад автомобилот. Ги детектираат не само автомобилите, туку и мотоциклите и велосипедите и го предупредува возачот за сето она што му се крие во “мртвите“ агли, каде што е мала прегледноста.

Засега не е познато кој модел на BMW ќе биде првиот во којшто ќе биде вграден овој систем, но се очекува тоа да биде на некој од луксузната серија.

bmw-i8-mirrorless-7-970x647-c