BMW, Porsche и Siemens развиваат технологија на супер брзо полнење на електрични возила

52

 Фото: Pixabay

Три големи светски компании BMW, Porsche и Siemens работат на технологија што ќе може да ја полни следната генерација на електрични автомобили за многу кратко време, пишува CNN.

Тимот којшто е вклучен во овој проект, претстави станица за електрично полнење со јачина од 450 kW, на којашто ѝ беа потребни само три минути да обезбеди доволно енергија за 100 километри.

Истата станица за 15 минути целосно го наполни специјално дизајнираниот автомобил за оваа демонстрација од страна на BMW и Porsche. Нејзината јачина од 450kW е поголема од онаа на полначите од Tesla, 120kW.

Според тимот, времето поминато на станица со јачина од 350 до 450kW, ќе може да се спореди со времето на полнење на автомобил којшто користи течно гориво. Ова би требало да го реши проблемот со долгото полнење и застојот во сообраќајот.

Сепак, експертите велат дека оваа технологија би била корисна за итни случаеви, но честа употреба може да ја оштети батеријата поради големата јачина на струјата.