BMW забележа пад на профитот од 26,4 проценти во првиот квартал

Германскиот производител на автомобили БМВ денес објави дека неговата нето добивка во првиот квартал од 2025 година се намалила за 26,4 проценти на годишно ниво на 2,2 милијарди евра, првенствено поради наглото слабеење на продажбата во Кина.

Во споменатиот период, компанијата оствари приход од 33,8 милијарди евра, што е пад од 7,8 проценти во споредба со претходната година, објавува „Виршафтсвохе“.

„БМВ“ продаде 586.000 возила во првиот квартал од оваа година, што е за 1,4 проценти помалку од минатата година, а на клучниот кинески пазар се соочи со жестока конкуренција од локалните брендови, што негативно влијаеше на сите европски брендови.