Boeing го надминува Airbus во нарачки

30

boeingЗа прв пат по 10 години, со испорачани 601 авиони минатата година, американскиот Boeing е на добар пат да го претекне Airbus и да стане најдобар светски произведувач на авиони за 2012 година.

Airbus изминатите години редовно добиваше повеќе нарачки од својот ривал, но благодарение на новите 787 и обновените 747 авиони успеа да ги сврти работите во своја корист. Boeing минатата година доби 1.203 нарачки, пред се поради големата побарувачка за новиот 737 Max.

“Во 2013 влегуваме со цел да го зголемиме производството, почитувајќи ги нашите клиенти и испорачувајќи им безбедни производи со висок квалитет”, изјави генералниот директор на комерцијалниот сектор на Boeing, Реј Конер.

Airbus се уште нема излезено со бројка за минатогодишните нарачки, но заклучно со ноември минатата година добил 585 нарачки, а испорачал 516 авиони. Се очекува Airbus да објави најмалку 650 нарачки и 580 испораки.

Во 2011 година, овој европски произведувач на авиони имаше рекордни 1.419 нарачки.

Причина за попуштањето на европскиот конкурент, според експертите се стратешките грешки и политичкото влијание.