Boeing го стопира производството на моделот 737 max

37

Компанијата Boeing соопштува дека од јануари го запира производството на авионот од типот 737 max, пишува Ројтерс.

Од компанијата велат дека за време на запирање на производството нема да се намали бројот на вработени, околу 12.000 колку што има во овој момент во фабриката во Сиетл.

Аналитичарите сметаат дека стопирање на производството на 737 max ќе го чини Boeing околу две милијарди долари месечно.

Ова е еден од најважните модели на Boeing, но од март оваа година се приземјени сите авиони од оваа серија по несреќите во Индонезија и Етиопија, во коишто животот го загубија над 300 лица.

Фото: Pexels