Boeing ќе тестира авиони без пилоти

86

img_0186_print-res-small

Фото: Boeing

Американската авионска компанија Boeing најави дека наредната година ќе тестира авиони што ќе летаат без пилоти во кабината, користејќи технологија на вештачка интелигенција, пишува Reuters.

“Идејата можеби изгледа неверојатно, но на пазарот веќе има дронови за помалку од 1.000 долари. Тоа значи дека основните елементи во технологијата се достапни“, вели Мајк Синет, потпретседател за развој на компанијата.

Денешните патнички авиони можат да полетаат и слетаат користејќи своја вградена компјутерска технологија, а бројот на пилоти на стандардните летови падна од три на два со текот на годините.

Синет, кој инаку е пилот,планира да ја тестира новата технологија во кокпит симулаторот летово и вели дека следната година ќе лета авион во којшто вештачката интелигенција ќе донесува одлуки наместо пилотите.

Автономните авиони ќе мора да ги исполнат безбедносните стандарди на воздушниот сообраќај. Но, пред тоа ќе мора да ги уверат регулаторите кои не знаат како ќе ги сертифицираат леталата без пилоти.