BofA забележа прилив од повеќе од 15 милијарди долари

31

Bank of America (BofA) собра повеќе од 15 милијарди долари нови депозити за неколку дена, со што стана еден од големите победници по колапсот на три помали банки што ја наруши довербата во безбедноста на регионалните кредитори.

Сумата, која се брои во милијарди, го нуди првиот увид во бројот на депозити што се направени во најголемите банки во Соединетите Американски Држави. Клиентите кои се плашат дека кризата ќе се прошири, побарале засолниште во фирми кои се сметаат за преголеми за да пропаднат, пишува Блумберг.

Информациите за приливот на пари во втората по големина банка во САД доаѓаат од извори кои се директно запознаени со ситуацијата, но кои сакале да останат анонимни бидејќи податоците не се јавни.

Банкротот на СВБ банка, најголемиот колапс од почетокот на кризата, ги натера штедачите да ги повлечат своите депозити и го шокираше глобалниот финансиски систем.