Почетна Новости Богаташ подарува 9 милиони долари на следбеници на Twitter

Богаташ подарува 9 милиони долари на следбеници на Twitter

80

Јусаку Маезава ќе подели  милијарда јени или околу девет милиони долари меѓу корисниците на Twitter, а среќниците ќе добијат по 9.100 долари.

Во најава на YouTube, технолошкиот тајкун го нарече ова “сериозен социјален процес“, за да утврди какво влијание моќе да имаат овие пари врз животот на некоја личност.
Во видеото во кој го објаснува натпреварот, Маезава им се обраќа на натпреварувачите дека парите може да ги потрошат како сакаат, но и да одговорат на редовните прашања за тоа како ги користат.

Наградата е ограничена само на корисниците од Јапонија, a повеќе од четири милиони луѓе го споделиле неговиот твит.

Маезава кој парите ги дели како социјален експеримент ќе разговара со добитниците како 9.100 долари влијаат врз нивната среќа, а повика и експерти за социјални науки да помогнат во анализирањето на резултатите од експериментот.

Богатството на овој Јапонец се проценува на две милијарди долари, а се занимава и музика, колекционер е на уметнички дела и планира туристичка посета на Месечината.

Фото:Pexels