Богати и дарежливи

26

dolari

Фото: Pexels

Компанијата Wealth-Х објави листа на милијардери од целиот свет, кои можеби не се толку познати како Бил Гејтс, но секоја година донираат огромни суми од своето богатство во добротворни цели. Овие дарежливи богаташи доаѓаат од различни индустриски гранки како нафтена, производствена, фармацевтска и други. Да видиме кои се тие.

Хуанг Вензаи, Кина

Вредност: 1 милијарда долари

Годишна донација во добротворни цели:  92,13%

Хуанг е извршен директор на Star River Property Ltd. холдингот, кој инвестира во луксузни имоти. Тој и неговата компанија имаат донирано најмалку 32 милиони долари во фондови за природни катастрофи, програми за рурален развој и во многу други добротворни организации.

Ханс-Вернер Хектор, Германија

Вредност: 1,8 милиони долари

Годишна донација во добротворни цели: 54,53%

Хектор е поранешен IBM софтверски инженер, еден од основачите на Германската софтверска компанија SAP, основана во 1972. Тој и неговата жена преку нивните фамилијарни фондации донираат средства во уметноста и во истражувањата за борба против ракот и сидата.

Теренс М. Пегула, САД

Вредност: 3,3 милијарди долари

Годишна донација во добротворни цели цели: 46,76%

Пегула е основач на East Resources, компанија за пронаоѓање на природен гас. Компанијата е сега сопственост на Royal Dutch Shell, откако Пегула ја продаде за приближно 4,7 милијарди долари. Овој богат човек најмногу донира средства во социјални и спортски организации.

Генади Борисович Богољубов, Украина

Вредност: 2,6 милијарди долари

Годишна донација во добротворни цели: 25,52%

Богољубов е претприемач и глобален инвеститор кој што го контролира најголемиот рудник за манган во Австралија. Тој одвојува значителна сума финансиски средства првенствено за општествени цели поврзани со Евреите низ целиот свет.

Венг Џенлин, Кина

Вредност: 10,7 милијарди долари

Годишна донација во добротворни цели: 15,68%

Тој е претседател на Dalian Wanda Group, една од најголемите компании во светот која се замимава со недвижнини, изградба на хотели, туризам и забава. Џенлин најмногу донира во организации кои помагаат при природни катастрофи, општествени и едукативни цели.

Питер Лим Енг Хок, Сигапур

Вредност: 1,8 милијарди долари

Годишна донација во добротворни цели: 13,23 %

Питер Лим е поранешен брокер кој подоцна станал инвеститор. Тој своето богатство го должи на 5% акции во гигантот за производство на масло од палма, Wilmar. Тој најмногу финансира спортски и едукативни цели. Хок донираше 10 милиони долари за стартување на фонд за стипендии, под покровителство на Олимписката Федерација на Сингапур (SOF), со цел да ги помогне локалните спортски таленти во 2010.

Н. Муреј Едвардс, Канада

Вредност: 1,4 милијарди долари

Годишна донација во добротворни цели: 13,23%

Едвардс ја поседува компанијата Canadian Natural Resources, како и многу акции во Ensign Energy, втората по големина нафтена компанија во Канада. Тој поседува и дел од Penn West, еден од најголемите енергетски фондови во Канада. Овој дарежлив милијардер најмногу донира во образованието и здравјето за деца.