Богатите Аргентинци ќе мора да плаќаат поголем данок

35

Богатите Аргентинци од сега ќе мора да плаќаат поголем данок за да може државата да финансира набавка на медицинска опрема и помош за компаниите коишто се соочуваат со потешкотии поради пандемијата.

Новиот данок е за оние кои имаат имот од над 200 милиони пезоси или 2,3 милиони евра. Тие сега е плаќаат 3% од вредноста на имотот во Аргентина и 5% од вредноста на имотот што се наоѓа во странство.

Со овој данок се опфатени околу 12.000 лица, а властите во Аргентина се надеваат дека им помогне да соберат околу три милијарди долари. Тие пари, освен за борба против пандемијата, ќе се искористат и за финансирање на школарина за сиромашни лица и за социјална помош.

Аргентина е една од земјите коишто многу тешко ја поднесоа пандемијата. Околу 40% од нејзиното население се наоѓа под линија на сиромаштија, а невработеноста во земјата е 11%. Освен тоа, класните разлики се многу изразени, па со овој потег на левичарската власти се очекува да се ублажат негативните ефекти.

Фото: Freepik