Богатите Руси станале 16 пати побогати

71

Во последните 20 години богатството на богатите Руси се зголеми за 16 пати, од 0,1 на 1,6 билиони долари. Максималниот раст е забележан од 1999 до 2014 година, во просек 14% годишно. Со просечна стапка на раст на личен капитал во последните 20 години, Русија ги престигна светот и Источна Европа, 13,5% спрема на 5 и 10%“, се наведува во истражувањето на Boston Consulting Group.

Се наведува дека 40% од богатството им припаѓа на Русите кои поседуваат повеќе од 100 милиони долари. Повеќе од една четвртина од имотот на руските граѓани е концентриран во странство.

Според предвидувањата на компанијата, стапката на раст на капиталот се очекува да се намали за 6,5% или 4% во наредните пет години, како резултат на влијанието на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Во најлошото сценарио се предвидува дека стапката на акумулација на капитал ќе падне за 3,8 %, пренесува Sputnjik.

Завидлив индикатор во последните 20 години е постигнат благодарение на отпорноста на капиталот на надворешните шокови.

Фото:Pixabay