Богатите со нова навика: Наместо на патувања, трошат повеќе пари на скап накит

32

И покрај тоа што милиони луѓе ширум светот стравуваат за својата егзистенција, богатите стануваат уште побогати, па иако е криза како никогаш досега купуваат дијамантски прстени и златен накит.

Продажбата на накит е зголемена за 10% на 5,25 милијарди долари во август, во споредба со истиот период лани, пренесува CNN.

Златарите имаа своја теорија поради којашто продажбата на накит бележи раст во последните неколку месеци, колку што трае пандемијата. Тие сметаат дека луѓето наместо да ги трошат парите на патувања, сега купуваат накит.

“На секој пазар во светот, наш конкурент број еден се патувањата. Кога имате некој важен настан во животот, ќе сакате да патувате, но сега поради пандемијата тоа е лимитирано, па затоа купувачите се насочуваат кон купување накит, дијаманти…“, вели Стефен Лусиер, извршен потпретседател на De Beers, најголемата компанија за експлоатација на дијаманти во светот.

Исто така, бидејќи идните брачни двојки не можат да заминат на меден месец од соништата, одвојуваат поголем износ од планираниот буџет и купуваат поскапи дијамантски прстени на своите избранички.

“Бидејќи двојките не можат да одат на свадбено патување, тие инвестираат во многу поскап дијамантски прстен“, вели Џејми Синглтон, претседател на синџирот златарници, Kay Jewelers and Zales.

Фото: Freepik