Боите на звукот – малку поинаков систем за рекламирање

26

1su

Боите на звукот е систем за емитување на реклами во трамваи и автобуси преку ГПС навигација, чиј систем ја препознава моменталната локација на возилото. Системот на патниците што се во него им емитува рекламна порака на огласувачите што се наоѓаат на таа локација или крај чии продавници поминува возилото во тој момент. Освен за рекламирање, системот може да се користи и за промоција на настани и информации што се во јавен интерес.

Еден од идејните творци на ова иновативно решение е Анте Панџиќ од компанијата This Time од Осиек, Хрватска.

2su

“Се одлучивме да изработиме прототип на систем што користи геолоцирање за на патниците во јавниот превоз таргетирано да им пласира аудио (а во подоцнежна фаза и видео) рекламна порака. Таквиот систем на огласувачите им отвора многу креативни можности за комуникација со потенцијални купувачи, нивно таргетирање според местото каде што живеат, работат и го минуваат слободното време”, вели Панџиќ, пишува Пословни дневник.

Системот нуди можност за администрација од далечина, со што секој огласувач добива потполна контрола над времето и местото на објава, како и на содржината на својата порака.

Според Панџиќ, системот претходно треба да се тестира во јавниот превоз во Осиек, пред да биде претставен на пазарот.

Боите на звукот е еден од финалистите на проектот Мој Заба Старт на Загрепска банка, проект за поддршка на иновативни идеи.