Болидот Ferrari F2001 на Шумахер продаден за 7,5 милиони долари

41

23755422_1444834985630169_4045028921003465691_nФото: Facebook

Болидот на Мајкл Шумахер, што освои гранд при во Монако, е продаден за 7,5 милиони долари на аукција во Њујорк., пишува DW.

Аукциската куќа Sotheby’s изјави дека со ова е поставен нов светски рекорд за продажба на автомобил од современата ера на Формула 1. Вкупно осуммина заинтересирани се натпреваруваа за него и победникот беше прогласен за шест минути. Тркачкиот автомобил сè уште е во добра возна состојба и според  Грегоар Боло, потпретседателот на Sotheby’s е најдобриот тркачки автомобил некогаш продаден на аукција.

Ова е прв пат ваков тип на автомобил да се појави на аукција за уметнички дела. Ferrari F2001 првично се проценуваше дека ќе достигне цена од четири милиони долари.