Bombardier Global 7000 – совршенство од авион

10

global7000-orНа неодамнешната изложба на авиони во Женева (EBACE) присутните можеа да го видат Bombardier Global 7000, ултимативното достигнување во светот на луксузните приватни авиони.

Џетот е наменет за сите оние со подлабок џеб кои едноставно немаат време за губење кога треба да се патува.

Голема брзина, пространа кабина и луксузни погодности и додатоци се само неколку од карактеристиките на Global 7000.

Седиштата се ергономски дизајнирани и можат да се прилагодат според желбите на клиентот во однос на боја и материјал. Во авионот има посебен простор за екипажот, а исто така постои и можност за инсталирање на туш кабина.

Трпезарискиот простор е со шест седишта, а истиот може да се искористи и како конференциска сала.

Bombardier Global 7000 се очекува да биде достапен за купувачите од следната година.
1340401369600luxury_private_jets_bombardier_global_7000_1_luxury_private_jets_bombardier_global_7000_2_luxury_private_jets_bombardier_global_7000_6_originalluxury_private_jets_bombardier_global_7000_4_luxury_private_jets_bombardier_global_7000_7_5dwm7764