Boom – авион што ќе лета од Лондон до Њујорк за 3,5 часа

57

boom-supersonic-1Boom Technology, старт – ап со седиште во Денвер, Колорадо, дизајнираше суперсоничен патнички авион што ќе може да патува од Лондон до Њујорк за само 3,5 часа. Таканаречениот Boom ќе има капацитет за 40 патници, а билетот ќе чини 5.000 долари, јавува Bloomberg.

Од компанијата велат дека веќе почнале да креираат прототип мотори. Авионот ќе биде направен од композитни карбонски влакна наместо алуминиум и тимот веќе активно и секојдневно работи на симулирање на илјадници дизајни.

Boom ќе биде за 30% потивок од неговиот претходник Конкордот, којшто престана да лета во 2003 година и ќе има 2,6 пати поголема брзина од другите патнички авиони. Седиштата ќе бидат поделени во два реда со по едно седиште.