Борбата против климатските промени чини 5.000 милијарди долари годишно

54

За да се финансираат мерките за борба против климатските промени, неопходно е силно да се зголемат финансиските ресурси до дури 5.000 милијарди американски долари годишно на глобално ниво до 2030 година.

Студијата на Фондацијата Томсон Ројтерс предупредува дека транзицијата на економиите ширум светот е премногу бавна за да се постигнат меѓународно договорените цели.

Темпото на напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови потребно за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови и да се избегнат најлошите последици, заостануваат во сите сектори, од транспортот, земјоделството до енергетиката, покажува заедничка студија на петте најголеми „зелени“ oрганизации.

Ниту еден од 40-те проценети индикатори не ги исполнува целите на Парискиот климатски договор од 2015 година да го доведе глобалното затоплување на ниво „многу под“ 2,0 Целзиусови степени.

Сепак, студијата укажува и на некои светли точки, како што се засилениот развој на соларни и ветерни електрани и растот на бројот на електрични возила на патиштата. „Иако има охрабрувачки знаци за напредок во неколку сектори, севкупните глобални напори за ублажување на климатските промени остануваат несреќни“, рече Софи Боем од Светскиот институт за ресурси, истражувачки центар со седиште во САД, кој е коавтор на студијата. Според неа, резултатите од студијата треба да им дадат „јасна слика“ на владите на климатскиот самит на Обединетите нации COP26, кој започнува во недела, за тоа какви напори треба да вложат за да ги постигнат климатските цели.