Борисов до бугарските бизнисмени: Продајте ги луксузните автомобили, па поделете плати

167

Бројни бугарски бизнисмени побараа помош од државата за да се изборат со загубите во деловните активности предизвикани од пандемијата.

Но, премиерот Бојко Борисов даде уникатен одговор кој предизвика вистинска бура во јавноста.

Борисов на критиките на бизнисмените одговори дека најпрво би требало да ги продадат луксузните автомобили кои ги поседуваат и би добиле пари за плати за работниците, пренесува Biznisinfo.ba.

Вели дека Бугарија е меѓу земјите со најмногу луксузни автомобили. Според него во Бугарија има 84 автомобили Rolls-Royce, 241, Bentley, 123 Ferrari, 54 Maybach, 22 Lamborghini,  311 Maserati,  22 McLaren и 280 Hummer .

“Може да го намалите бројот на луксузни автомобили кои ги имате, наместо да отпуштате работници“, рече Борисов.

Фото:Pixabay