Борово ги враќа Стартас патиките на пазарот

41

startasХрватската компанија Борово планира да започне производство на околу 50.000 пара Стартас патики со различен дизајн, со опција за зголемување на производството според потребите на пазарот.

“Новата колекција стартас патики пролет/лето 2014 година ќе биде претставена на 21 март, по што веднаш ќе се најде во продавниците. Веќе е подготвен првиот дел од колекцијата кој го сочинуваат осум модели. Ќе има уште неколку модели, а ќе изработиме и посебен лимитиран модел од само 250 примероци”, вели водителката на брендот Стартас, Татјана Катиќ Шкот, пишува Пословни дневник.

Стартас патиките, препознатлив бренд на оваа компанија од Вуковар, почнаа да се продаваат во 1976 година. Брендот е ревитализиран во 2007 година и платнените патики станаа пошарени и поразлични. Сега Борово се обидува да направи чекор понапред во градењето на брендот и да ги пласира препознатливите патики на хрватскиот пазар и на пазарите во регионот, но и во Франција, Кореја и Јапонија.