Бош вложува 70 милиони евра во Србија, а ќе вработи 620 луѓе

51

Претставник на компанијата Бош и премиерот на Србија Ивица Дачиќ, во Пеќ поставија камен темелник на новата фабрика на Бош која во наредните седум години ќе вложи 70 милиони евра, а ќе вработи 620 луѓе.

Бош минатата година потпиша договор за изградба на фабрика за производство на брисачи за автомобили. Фабриката се простира на 22.000 метри квадратни. Српската влада на оваа инвестиција гледа како на нов инвестициски бран во земјата. Пробното производство на фабриката на Бош ќе започне во половината на 2013, а сериското производство во 2014 година.

Германскиот гигант е присутен во 60 земји во светот, а вработува близу 300.000 луѓе. Во 2011 остварил профит од 51,5 милијарди евра.