Боштјан Јазбец нов гувернер на Банка на Словенија

41

Boštjan JazbecСловенечкиот парламент за нов гувернер на словенечката централна банка го избра економистот Боштјан Јазбец (43). Мандатот на Јазбец започнува кон средината на јуни, кога завршува шестгодишниот мандат на сегашниот гувернер Марко Крањец.

Јазбец од 2003 до 2008 година бил член на советот на словенечката централна банка и одлично го познава словенечкиот банкарски систем. Докторирал монетарна економија, а меѓу другото бил советник на Меѓународниот монетарен фонд при воспоставување на монетарните установи на Косово и Суринам.

Новоизбраниот гувернер на Банка на Словенија автоматски станува член на советот гувернери на Европската централна банка, затоа што Словенија е членка на еврозоната.