Босна е единствена балканска земја на листата Рај за странски инвестиции

45

architecture-3176756_960_720

Фото: Pixabay

Босна и Херцеговина е единствена балканска земја којашто се најде на топ листата на 10 европски земји оценети како идеално поднебје за привлекување на странски инвестиции, објави магазинот Foreign Direct Investment, којшто е специјализиран за странски инвестиции.

БиХ го зазеде третото место, а пред неа се наоѓаат два региона од Романија, на врвот е Sud-Vest, а како втора земја-регион рај за странските инвестиции е оценет регионот Nord-Est.

Главни критериуми при изборот биле економскиот потенцијал, инвестициската рентабилност, човечките потенцијали, квалитетот на животот, бизнис околината, како и постоењето на стратегија за привлекување на инвестиции.

Позиционирање на престижната топ листа на европски градови и региони на иднината претставува директна препорака за потенцијалните инвеститори за регионите во коишто треба да инвестираат. При изборот на топ десетте земји, во конкуренција влегле 481 дестинации низ Европа.

Според FDI, ова за БиХ е значајно признание и доказ дека земјата е профитабилна локација за странски инвестиции, а воедно и мотив плус да ги отстрани ситните недостатоци за создавање идеална бизнис клима за потенцијалните странски инвеститори.