Под влијание на тешката економска и финансиска криза, во повеќето европски земји се забележува зголемување на стапките на инфлација.
Според агенцијата Анадолија, најниска стапка на инфлација од земјите од бившата СФРЈ има Босна и Херцеговина, со просечна стапка на инфлација во 2012 од 1,8%.
Највисока стапка на инфалција е забележана во Србија, каде според последните податоци на Народната Банка на Србија од септември оваа година, се регистрира стапка на инфлација од 10%. Според екпертите стапката на инфлација во Србија до крајот на 2012 ќе изнесува 12%, а како причина се наведуваат зголемените цени на храната предизвикани од сушата која го зафати Балканот.
Според податоците на хрватскиот Завод за статистика, во септември стапаката на инфлација во Хрватска изнесувала 5%.
Стапката на инфлација во Црна Гора во септември изнесуваше 4,4%, на Косово е објавена стапка на инфлација од 4,11%. Според истите извори, во последните пет години животот во Косово поскапел за 25%.
Следна на листата е Република Македонија со стапка на инфлација од 3,7%, додека во истиот период идната година стапката на инфлација изнесуваше 2,3%.
Според податоците на Статистичкиот завод на Словенија (СУРС), инфлацијата во оваа земја во септември изнесувала 3,3%, што е значен пораст на инфлацијата кога ќе се земе во предвид минатогодишната инфлација од 2,1%.