Босна и Херцеговина ќе ја добие првата фабрика за панирано пилешко

38


Фото: Madi

Босна и Херцеговина ќе ја добие првата фабрика за панирано пилешко, објави Biznisinfo.ba. Фабриката, за којашто ќе бидат одвоени три милиони евра, ќе се гради во Тешањ, а ќе биде инвестиција на Madi компанија којашто е оценета како најперспективен производител на пилешко и пилешки производи во регионот.

Фабриката ќе се гради на површина од 3.500 метри квадратни, а за почеток ќе вработи дваесетина лица.

Од Madi, којашто е формирана во 1989 година, најавуваат дека во производството ќе се користи само најсовремена технологија.

Менаџментот се одлучил за оваа инвестиција очекувајќи дека БиХ годинава на голема врата ќе влезе на пазарот со пилешко месо ширум земјите на Европската Унија.