Божидар Јанковски од директор стана сопственик на Diners Club International Macedonia

726

Божидар Јанковски, кој беше извршен директор на друштвото Diners Club International Macedonia, станува негов сопственик.

Ерсте Кард Клуб ДОО од Хрватска го продаде целосниот удел на Diners Club International Macedonia.

Основана во 1950 година во Њујорк, САД, Diners Club е првата кредитна картичка и алтернатива за безготовинско плаќање во светот. Само една година подоцна има 20.000 членови кои можат да ја користат во преку 1 000 продажни места во Соединетите Американски Држави. Веќе во 1955 Diners Club картичката е прифатена во над 20 земји во светот и има повеќе од 200.000 членови. Мрежата на Динерс Клуб расте со огромна брзина, па во 1967 картичката се употребува во 130 земји, повеќе од постојаните 123 членки на Обединетите нации во тоа време. Во 1969 година, Diners Club е првата платежна картичка во Русија. Во 1978 година – ја користат 3,5 милиони членови во 400.000 продажни места насекаде во светот.