Божиќна донација за децата од интернатот Гоце Делчев

25

Донација во постелнина, односно јоргани, перници и друго добија децата од социјално загрозените семејства кои престојуваат и учат во интернатот Гоце Делчев во Љубанци. Донацијата е на комапниите Coincasa и @Home.
Директорката на интернатот, Силвана Терзиева, истакна дека е добредојдена секаква вид на помош во било која форма.
Од комапниите додаваат дека потребно било прво да се воочи што им е потребно на децата, а потоа и да се донира, а Coincasa и @Home, како општествено одговорни компании ќе продолжат да го подигнуваат духот на хуманоста и во понатамошниот период.
За 2014 година Техномаркет најави кампања и нови проекти за донации кои ќе бидат наменети за децата од интернатот Гоце Делчев, за да им овозможат секојдневието, престојот и учењето да им бидат што поудобни.
Во моментов во интернатот се згрижени 15 деца на возраст од 6 до 16 години, кои потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства.