Божиќна реклама инспирирана од вистински настан со преку 4 милиони прегледи за еден ден

10

reklama

Британскиот трговец Sainsbury’s сними реклама за божиќните празници инспирирана од вистински настан. Sainsbury’s ја искористи приказната за примирјето меѓу германските и англиските војници на Западниот фронт во Првата светска војна. Неофицијално, за Божик 1914 тие престанале да пукаат, пееле, си разменувале подароци и се сретнале на неутрален терен меѓу рововите.

Рекламата која ја пренесува пораката дека Божик е ден за споделување, за само еден ден откако е поставена на YouTube доби преку четири милиони прегледи.

Чоколадото од рекламата веќе е пуштено во продажба во овој ланец маркети, а целиот профит од продажбата ќе оди за The Royal British Legion, добротворна организација во Велика Британија која обезбедува поддршка за членовите на вооружените сили, ветераните од сите возрасти и нивните семејства.