Оваа сезона брендот Dolce & Gabbana се најде во улога на Дедо Мраз за сите деца во Велика Британија кои ја следат модата.
Овој престижен бренд својата прва детска продавница ја отвори во најубаво украсената лондонска улица, позната по луксузните бутици.
Продавницата се наоѓа на простор од 100 метри квадратни, а содржи се што му е потребно на едно дете кое сака да ги следи модните трендови, од облека, аксесоари и играчки, па се до мебел.