Божиновски часовници и накит ја донесе познатата дизајнерка Сара Хо во Македонија

54

1

Дизајнерката на Парис Хилтон, Хелена Кристенсен и Кели Озборн ја посети Македонија и ја претстави својата ексклузивна колекција скапоцен дијамантски накит.

Настанот Дијамантите се најдобрите пријатели на жената, на кој за првпат во Македонија беше претставена луксузната колекција на оваа дизајнерка со светска репутација, се одржа во четвртокот вечерта, во ексклузивниот продажен салон  Божиновски часовници и накит во Скопје.

Повеќекратно наградуваната дизајнерка Сара Хо, ќерка на познатата англиска манекенка Суки Портер, при своето прво присуство во Скопје ја промовираше својата особено импресивна и неодоливо привлечна колекција модерен, дијамантски накит.

2

Присутните ги водеше харизматичниот актер Васил Зафирчев, кој заедно со партнерката – танчерка Јована Василева, изведе сензуална, камерна изведба на темата Cаruso од Лара Фабијан.

Изложбената поставка на гламурозен мозаик од дијамантски накит на Сара Хо, која е дел од нејзината поширока европска турнеја, во наредните дваесет дена ќе биде отворена за широката јавност и ќе може да се погледне во Божиновски часовници и накит, на улица Македонија во Скопје.

Посетата на Сара Хо на Македонија беше организирана од  Божиновски часовници и накит, каде единствено може да се купи дијамантски накит со потпис на Хо. Освен како накит, за прв пат во Македонија може да се купат и дијаманти во форма на скапоцени камења, кои претставуваат вреден капитал, сертифициран од реномирани светски геолошки институти.

3