
Брачен пар од Флорида, кој го тужеше сопственикот на OceanGate, Стоктон Раш, затоа што одбил да го врати нивниот депозит од 210.000 долари за обиколката на Титаник, ја отфрлиле тужбата откако Раш загина во смртоносната имплозија на подморницата Титан.
Според американските медиуми, Марк и Шерон Хејгл поднеле тужба во февруари тврдејќи дека Раш постојано го откажувал нуркањето кое го резервирале со подморницата Титан уште во 2018 година.
Откако беше потврдено дека Раш загина во Титан, брачната двојка Хејгл изјави дека „честа, почитта и достоинството“ на жртвите е поважна од нивната тужба.
Расправијата на Марк и Шерон Хејгл со OceanGate започна во 2016 година кога потпишале договор и платиле депозит со надеж дека ќе станат првите клиенти на OceanGate.
Во средината на 2017 година, двојката се посомневала дека подморницата, тогаш позната како Cyclops 2, нема да биде готова до закажаниот датум на испловување, според тужбата поднесена во округот Оринџ.
Во поднесувањето на судот се наведува дека брачниот пар сакал да се повлече од експедицијата и побарале враќање на нивниот депозит од 20.000 долари.
Тие тврдат дека Раш ги посетил во нивниот дом на Флорида во септември 2017 година за да ги увери дека патувањето ќе се одвива според планираното.
„Раш ни опиша што да очекуваме за време на авантурата“, тврдат тие.
Во јануари 2018 година, парот тврдеше дека биле принудени да го платат целиот закуп од 210.258 долари за да обезбедат две места во Титан.
Експедициите потоа постојано биле откажувани, а кога побарале враќање на парите во 2019 година, им било кажано дека мора да ги прифатат местата на Титан во 2021 година.
Патем, во март 2022 година, двајцата официјално станаа втората брачна двојка што некогаш летала во вселената, кога ракетата Њу Шепард на компанијата Blue Origin на Безос беше лансирана на 31 март од Западен Тексас.
Фото: Twitter











