Braille Bricks – коцки со коишто дечиња со оштетен вид учат да читаат

20

braille-bricks-5Braille Bricks е проект на непрофитната фондација Dorina Nowill Foundation for the Blind и агенцијата Lew’Lara\TBWA, што на интересен начин им овозможува на децата со оштетен вид да научат да читаат.

Преку игра дечињата се запознаваат со азбуката, остваруваат меѓусебен контакт и си помагаат, пишува Adweek. Секоја коцка може да се искористи како играчка, но и како алатка со која учат одредена буква од Брајовата азбука. До сега фондацијата чие седиште е во Сао Паоло, Бразил, има произведено коцки за 300 ученици со оштетен вид.

Маркетинг тимот на Dorina Nowill го претстави својот дизајн под лиценцата Creative Commons со надеж дека производителите ќе се одлучат за нив и ќе ги направат коцките достапни за поширока публика.

Освен тоа, фондацијата има и веб страна каде преку хаштагот #BrailleBricksforAll се покануваат сите да креираат нивни пораки со Брајова азбука кои би биле испишани на коцките.
braille-bricks-4braille-bricks-2