Brainster & Codepreneurs: 16 неделна академија која ќе те претвори во програмер

19

1024x512(2)

За прв пат во регионот ќе се одржи академија на која учесниците ќе научат да програмираат преку развивање на вистинска веб апликација.

Brainster & Codepreneurs е супер-интензивна 16 неделна програма, која учесниците ќе ги претвори од почетници во програмери. Целта на организаторите е 90% од дипломираните да се вработат во ИТ компании или да започнат свој старт-ап не подоцна од 6 месеци по дипломирањето.

Без разлика дали си маркетер, студент, професор или претприемач, Brainster & Codepreneurs академијата за програмирање е во потрага по неуморни индивидуи кои ја бараат секоја прилика за професионално надградување, кои се подготвени да напредуваат во интензивна средина за учење и се разбира, кои сакаат да програмираат.

Од почетник до програмер претприемач

Со цел да ти помогнеме да станеш не само програмер, туку и успешен програмер – претприемач, склучивме соработка помеѓу Brainster и GSIX. Brainster, кои веќе обучија повеќе од 1.400 учесници, соработува заедно со наградуваниот тим на професионалци на GSIX, една од најиновативните ИТ компании во регионот која опслужува повеќе од 20 милиони корисници од целиот свет.

Што ќе научиш?

За 16 недели ќе научиш како да создаваш веб страни и апликации. Вештините со кои ќе се здобиеш ќе ти овозможат да се вработиш како почетник во најдобрите ИТ компании во Македонија или да развиеш сопствен бизнис. Тоа што ја прави нашата програма најдобра е дека симулира атмосфера на реална работа. За време на академијата ќе бидеш изложен/а на најрелевантните технологии, а стекнатото знаење ќе го примениш на изработката на реални веб апликација.

Ако веќе некое време го чекаш оној вистинскиот момент за да ја почнеш кариерата која со години ја посакуваш, пријави се.

T(1024x512)-post

Програма

Првите 4 недели од акадмијата се посветени на основите на програмирањето. По оваа подготвителна програма, учесниците ќе преминат на примена на наученото преку изработка на вистински продукт – веб апликација. Преку работа во тимови, студентите ќе изградат не само обичен продукт, туку сериозен бизнис концепт кој подоцна заедно ќе го лансираат на пазарот. Како совршено заокружување на академијата е последната недела, во која тимот за кариерно советување на Brainster ќе биде целосно посветен на зајакнување на сите аспекти од (идната) кариера на студентите.

Нашата PHP базирана програма ги комбинира најновите технолошки трендови со потребите на ИТ компаниите. Ако сакаш да станеш  Full-Stack програмер, пријави се и дознај повеќе за целосната програма.

Начин на аплицирање

Академијата започнува на 15 октомври, а часовите, кои се оддржуваат 3 пати во неделата, започнуваат во 17.30 часот и траат сè до 21.00 часот. Ве советуваме да аплицирате во најкус можен рок, бидејќи академијата е предвидено да ја следат вкупно 10 учесници.
Нашите партнери овозможуваат 6 делумни и една целосна стипендија за оние кои први ќе аплицираат и кои ќе бидат избрани да учествуваат.

Дозволи да ти докажеме дека може од тебе да направиме програмер и аплицирај за 100% стипендија.

Поддржано од SECO програмата за претприемништво (SECO EP) имплементиран од Swisscontact.