Бранка Павловиќ именувана за Претседател на УО на Охридска банка АД Скопје

17

ohridska banka

Бранка Павловиќ е именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје почнувајќи од 1 февруари 2015 година. Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје ја назначи Бранка Павловиќ за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка по добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРМ, стои во соопштението на банката објавено на Македонска берза.

Мандатот на г-ѓа Павловиќ е четири години. Таа ја заменува Јитка Пантучкова, која оди во пензија по 13 години поминати во Сосиете Женерал Групацијата.

Бранка Павловиќ во изминатите 15 години била назначена на бројни раководни позиции во рамките на Сосиете Женерал Групацијата.

Охридска банка и се заблагодарува на Јитка Пантучкова за нејзиниот исклучителен придонес во развојот на банката од јануари 2010 година. Под нејзино раководство банката оствари силен и хармоничен раст во перформансите, на портфолиото на клиенти, на мрежата на експозитури и пазарното учество, постигнувајќи добра рамнотежа во развојот на банкарството за население и корпоративното банкарство.