Бразил храни 10% од светската популација

143

Земјоделците во Бразил минатата година произвеле храна за 10% од светската популација, се наведува во студија што ја објави тамошната земјоделска агенција.

Студијата се фокусиран на производството на житарки и маслодајни репки во Бразил бидејќи се смета дека тие култури се основа за исхраната на луѓето и домашните животни. Податоците покажуваат дека Бразил, којшто со децении бил увозник на храна, прерасна во светска велесила кога е во прашање земјоделското производство и најголеми извозник на соја, говедско и пилешко месо, што се извезува во Кина, Европската унија и други земји.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, Бразил обезбедил храна за 772,6 милиони од вкуpно 7,76 милијарди жители на планетата.

Фото: Pexels