Бред Пит ќе гради луксузен ресорт во Хрватска

60

brad-pitt1Холивудскиот актер Бред Пит планира да отвори луксузен ресорт во градот Заблаќе крај Шибеник, Хрватска, пишува Condé Nast Traveler. Проектот наречен Barabriga се очекува да чини 1,5 милијарди долари, а истиот ќе биде еден вид еко-заедница.

Актерот и активист, освен тоа, ќе инвестира и во изградба на училишта и клиника за 2.500 жители што живеат на крајбрежјето. Компанијата TFI Holding со седиште во Швајцарија веќе инвестираше 70 милиони долари во проектот, во кој што ќе биде вклучен хотел, продавници и вили, додека архитектот којшто ќе биде задолжен за ресортот е Никола Башиќ.

Сè уште не знае кога ќе започне изградбата, а ова е прв потфат на актерот во овој бизнис.