Бред Пит за 24 часа во Белград ќе добие 400.000 евра?

200

Холивудскиот актер Бред Бит во септември би требало да дојде во Белград. За тоа постојат големи шанси, а со агентите на актерот преговара еден српски бизнисмен, кој нуди 400.000 евра за само 24 часа престој на актерот во Белград, дознава српски Курир.

Тој сака поранешниот сопруг на Анџелина Џоли да му биде гостин на забава, но и да организира состаноци за идни проекти во филмската индустрија. Преговорите траат веќе неколку недели и до крајот на месецот точно ќе се знае дали е постигнат договор и кога Пит ќе дојде во Белград.

Доколку се реализира она што е планирано, Пит во Белград ќе престојува само 24 часа. Ќе дојде на денот на прославата и ќе биде сместен во хотелот во центарот на Белград, обезбедувањето ќе биде на највисоко ниво, а градот ќе го напушти следниот ден.

Ова ќе биде втор пат како актерот доаѓа во посета на Белград. Тој престојувал во српската престолнина кога не бил толку познат, а дошол да го посети режисерот Божидар Николиќ со којшто претходно во Будва го снимал филмот Темната страна на сонцето, каде улогата на негова мајка ја толкувала Милена Дравиќ.

Фото: Facebook