Бренд стар 200 години, кој облече 40 претседатели и безброј банкари- банкротира

520

Brooks Brothers, продавница за машка гардероба којашто постои 200 години и што облече 40 американски претседатели, поднесе барање за банкрот. Познат е и како омилен бренд на банкарите и брокерите на Wall Street.

Компанијата се бореше за опстанок веќе некое време, бидејќи деловната облека стана сè повеќе лежерна во последните години. И тоа, се разбира, беше под влијание и на пандемијата на коронавирус, којашто ја запре побарувачката за костуми.

Многу работници кои работат од дома се одлучија за полежерен изглед и носење маици и тренерки, а не костуми шиени по мерка.

Brooks Brothers поднесе барање за банкрот вчера, а во јуни предупреди дека ќе отпушти 700 работници. Компанијата проценува разни стратешки опции, вклучувајќи и продажба. Во процес на затворање се 20% од 250 американски продавници.

Фото: Facebook