Брендот Sports Illustrated продаден за 110 милиони долари

49

Брендот и интелектуалната сопственост на Sports Illustrated ја купи маркетинг компанијата Authentic Brands Group за 110 милиони долари, пишува CNN.

Претходно сопственик на популарното списание беше Meredith Corporation, но според договорот и понатаму ќе го објавува печатеното издание и ќе раководи со веб страната.

Authentic Brands Group ќе биде одговорна за маркетингот, развојот на бизнисот и лиценцирањето на интелектуалната соптвеност на Sports Illustrated. Според двете компании, со новиот договор се отвораат и нови бизнис можности коишто вклучуваат разни настани, конференции, казина, видео и телевизија.

Meredith, којашто на Authentic Brands Group им плаќа одредена сума за објава на списанието и веб страната, останува да раководи со уредувачката политика.
Sports Illustrated беше ставен на продажба лани заедно со списанијата Time, Fortune и Money. Meredith, исто така, ги поседува People, InStyle и Better Homes & Gardens.
Фото: Facebook