BrewDog произведе розево пиво наменето за жени

51

pink-beerФото: BrewDog

Во пресрет на интернационалниот ден на жените, пиварата BrewDog лансираше на пазарот пиво за жени со розева етикета. Целта на проектот е да се крене свеста за нееднаквоста помеѓу мажите и жените, пренесува The Guardian.

Како што најавуваат производителите на “женското пиво”, овој пијалок ќе се продава пет пати поевтино во баровите на сите оние потрошувачи кои се “идентификуваат“ како жени. Целта на попустот е да го одрази родовиот јаз во платите помеѓу мажите и жените во Велика Британија од 18,1%.

Иако кампањата не наиде на позитивни критики од јавноста и беше третирана на маркетинг фијаско, сепак производителите нагласуваат дека љубовта кон пивото не познава пол и таа е универзална.