Brexit ѝ донесе на Холандија 140 компании

137

Неизвесните ефекти на Brexit принудија бројни странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската Агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за Brexit, 140 компании отвориле канцеларии во оваа земја, а 78 од нив целосно ги префрлиле деловните операции.

Во извештајот на агенцијата се наведува дека поради отсуство на одговори за многубројни прашања за иднината на деловните односи на Велика Британија со ЕУ, расте неизвесноста во деловните кругови. ЕУ и Велика Британија треба до крајот на годината да постигнат согласност за меѓусебните односи по Brexit.

Агенцијата соопшти дека течат преговори со претставници на 425 компании кои размислуваат да го прошират или целосно преместат својот бизнис во Холандија.

Фото: Pixabay