Brexit ќе ја чини автомобилската индустрија околу 11 милијарди евра

31

Излезот на Велика Британија од Европската унија би можел производителите на автомобили и нивните добавувачи да ги чини околу 11 милијарди евра, смета финансискиот директор на BMW, Николас Петер.

“Здружението на автомобилската индустрија проценува дека Brexit производителите на автомобили и добавувачи ќе ги чини од 10 до 11 милијарди евра. Потребна ни е трговија без царини. Дури и во тој случај мора да се одвива глатко. Имаме временско тесно ускладен систем за производство, што значи дека административната обработка на царините мора да биде поефикасна“, вели Петер.

Освен тоа, Велика Британија мора да продолжи да ги следи барањата од ЕУ за емисија на штетни гасови за да можат производите да ги понудат истите автомобили на сите европски пазари.

Фото: Freepik