Brexit му носи на Франкфурт повеќе од 30 банки и 3.500 работни места

269

Банкарскиот центар во Франкфурт е еден од победниците од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според истражувањето на Landesbank Hessen-Thüringen (Helaba).

Повеќе од 30 странски банки  донесоа одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави аналитичарот на Helaba, Улрике Бишоф, за Reuters.

“Ниту еден друг банкарски центар не може да го држи чекорот. Финансиските компании кои претходно работеа во Лондон, мораат да изградат основа во континентална Европа, заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, со цел да продолжат да ги нудат своите услуги во иднина“, рече Бишоф.

Поради Brexit до крајот на 2021 година најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во Франкфурт, вели Бишоф, која со години го анализира развојот на најважниот финансиски центар во Германија.

Фото:Pexels