Бришат четири нули и менуваат име на валута

96

Иран го менува називот на својата национална валута од ријал во томан, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот парламент донесе закон со којшто ќе се избришат четири нули од националната валута ријал.

Деноминацијата на ријалот доаѓа по нагло опаѓање на вредноста на иранската валута, за што влијаеше и обновувањето на американските санкции врз Техеран, пренесе Reuters.

Иранската национална валута ќе биде преименувана од ријал во томан, чија номинална вредност се поранешни 10.000 ријали. Пратениците донесоа закон за отстранување на четири нули од националната валута.

Иранската државна телевизија соопшти дека ќе бидат потребни две години за Централната банка на Иран да ја спроведе во пракса замената на валутата во томан.

Идејата за отстранување на четири нули е во оптек од 2008 година, а е заживеана од 2018 година, кога американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи дека САД треба да се повлечат од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, постигнат три години порано и повторно да воведат санкции за Техеран.

Потоа, ријалот изгуби повеќе од 60% од својата вредност.

Фото: Facebook