Британците не им веруваат на големите банки

10

Рекорден број на Британци ги напуштаат банкарските гиганти и преминуваат кај нивните помали ривали. Бројката не е конечна, според неофицијални информации, само во последната година 100.000 Британци ги затвориле своите сметки во една од петте најголеми банки во Велика Британија.

Овој тренд се случува по „срамотниот лет“ за „големите пет“ банки, кога Централната Банка на Велика Британија им помогна на големите банки со 10 милијарди евра, запоставувајќи ги помалите банки, Дејли Меил.

Резултатите од анкетата спроведена од ЈуГов во која учествувале 1.800 испитаници покажале дека дури 60% од Британците не веруваат во големите банки, 49% веруваат дека големите банки ги лажат и 45% кои сметаат дека големите банки се неспособни сами да се справат со кризата. Според граѓаните, етичките банки кои се создадени како производ на невладините и синдикалните организации имаат различен пристап кон банкарството и економијат и нивната единствена цел не се профитите, туку тие служат за унапредување на стопанството и не создавање на фиктивни пари.

Граѓаните се гневни на големите банки во Велика Британија поради нивните нечесни игри, честото менување на каматните стапки, недозволиво технички проблеми, скандали со Либор, перење пари и екстремното богатење на акционерите.